За Нас


Бониер (Boniair), формирана при крајот на 1996 година, е авиокомпанија со базен аеродром во околината на Свети Николе, на кој перманентно слетуваат и полетуваат 10 авиони од типот "Ан 2".

Во рамките на севкупните активности на компанијата, таа опфаќа: работа во земјоделството, во шумарството, прскање на комарци, гаснење на шумски пожари, снимање од воздух, обука на пилоти, модификација на метеоролошките услови, како и работа во сферата на туризмот, преку реализација на панорамски и авиотакси летовите.

Бониер своите квалитетни и професионални активности ги реализира не само во Македонија туку и во Србија и Црна Гора и Бугарија.

Бониер располага и со свој инструкторски кадар и школски центар во кој реализира обука на спортски пилоти, на авионите од типот "Цесна 172" и "Ан 2".

Квалитетот на своите висококвалитетни активности, посебно на планот на безбедноста го темели на сопствен систем на техничко одржување на летечката флота.

Ова е нашата авиокомпанија "Бониер", повелете, полетајте! Но, немојте да заборавате дека сме ви потребни за вашиот мирен сон во борба против досадните комарци, на посевите и шумите, гаснење на шумските пожари и промена на метеоролошките услови.

Корисни линкови:


Нашата адреса:

Бониер Д.О.О.Е.Л.
Бул. "О. Револуција" 32/13
1300, Куманово

Матичен аеродром:
Пеширево - Св. Николе

Телефон: +389 (0) 32 440 890
Мобилен: +389 (0) 70 211 391
Факс: +389 (0) 32 440 890
e-mail: boniair_mk@yahoo.com