За Нас

Во рамките на севкупните активности на компанијата, таа опфаќа: работа во земјоделството, во шумарството, прскање на комарци, гаснење на шумски пожари, снимање од воздух, обука на пилоти, модификација на метеоролошките услови, како и работа во сферата на туризмот, преку реализација на панорамски и авиотакси летовите.
Бониер своите квалитетни и професионални активности ги реализира не само во Македонија туку и во Србија и Црна Гора и Бугарија.
Бониер располага и со свој инструкторски кадар и школски центар во кој реализира обука на спортски пилоти, на авионите од типот "Цесна 172" и "Ан 2".
Квалитетот на своите висококвалитетни активности, посебно на планот на безбедноста го темели на сопствен систем на техничко одржување на летечката флота.
Ова е нашата авиокомпанија "Бониер", повелете, полетајте! Но, немојте да заборавате дека сме ви потребни за вашиот мирен сон во борба против досадните комарци, на посевите и шумите, гаснење на шумските пожари и промена на метеоролошките услови.